5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожноста за намалување на производството ја крена цената на нафтата кон 35...

Можноста за намалување на производството ја крена цената на нафтата кон 35 долари

nafta 4839

Цената на нафтата порасна во петокот на светските берзи кон  35 долари, поттикната од надежите дека големите производители ќе постигнат договор за намалување на производството заради пружање поддршка на цените.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне беше во плус 88 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 34,77 долари. Вчера тргувањето се заклучи во плус 79 центи. На американската берза со барелот се тргува по 92 центи повисока цена, од 34,15 долари, а исто толку порасна и вчера.

Во втората половина на неделата берзите црпеа поддршка од надежите дека водечките производители во составот на OPEC и Русија би можеле да постигнат договор за намалување на производството во насока на зголемување на цената на нафтата и намалување на притисокот на страна на понудата. Русија оваа недела порача дека би можела да соработува со OPEC во таа насока, што во изминатите 15 години не беа подготвени тоа да го сторат.

Рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович во петокот изјави дека руското производство би можело да се намали поради намалените инвестиции,  истакнувајќи дека сепак државата нема да интервенира за да воспостави рамнотежа на пазарот. Истовремено, од руското министерство за надворешни работи соопштено е дека министерот Сергеј Лавров, кој вообичаено не дава изјави за нафтената политика, ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, и Оман за да разговара за состојбата на нафтените пазари.

„Иако таквиот исход го сметаме малку веројатен, намалување на производството за пет отсто само во Русија и Саудиска Арабија би му овозможило на пазарот да се доближи до рамнотежа“, констатира консултантската куќа Jefferies, алудирајќи на руските изјави.

„Доколку OPEC и предложи на Русија ограничување на производството кое не ги поткопува долгорочните руски цели и клучните руски производители ја поддржат спогодбата, Русија би можела да се согласи на ограничување на производството“, истакнуваат аналитичарите од ESAI Energy.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП