20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во декември

Раст на индустриското производство во декември

proizvodstvo industrisko 2334

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2015 година во однос на декември 2014 година изнесува 110.5 поени.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12.1%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 19.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.7%, Капитални производи за 16.3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.7 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2015 година, во однос на периодот јануари – декември 2014 година, изнесува 104.9 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП