12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБулеварот „АСНОМ“ се продолжува кон Горно Лисиче

Булеварот „АСНОМ“ се продолжува кон Горно Лисиче

bul asnom 335

Почетокот на градежните работи за продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче денеска беше официјално означен.

Станува збор за продолжување на булеварот од ФФМ до улицата Тодор Чангов во должина од 430 метри, каде ќе се изградат 4 сообраќајни ленти и нова раскрсница.

Продолжувањето на овој булевар е еден вид заокружување на инфраструктурата за новата населба покрај Вардар со нови 25 згради. Со тоа значително ќе се подобрат условите за сообраќај, но и безбедноста во овој дел од општината, во кој изминатиов период беше изградена комплетната сервисна инфраструктура во вредност од 120 милиони денари.

На оваа локација изградивме околу 2 километри фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа во должина од 1,5 километар, асфалтиравме сервисни улици на површина од околу 20.000 квадратни метри и поставивме тротоари на површина од над 5.000 квадратни метри, како и 1.000 нови паркинг-места. При тоа, на целата површина поставивме јавно осветлување со 74 сијалични места.

На настанот, меѓу другите гости, присуствуваа и Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП