6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФармацевската компанија Новартис со донација на Клиника за детски болести

Фармацевската компанија Новартис со донација на Клиника за детски болести

novartis donacija 353

На Клиниката за детски болести на Одделот за онкологија и хематологија, од страна на компанијата „Новартис“ во петокот беше дониран апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести. Се работи за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца.

„Благодарни сме на Новартис за донацијата. Вакави апарати секогаш недостигаат особено на овој оддел каде имаме еден континуитет, ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести. Со него се олеснува апликацијата на цитостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат. Особено се радувам и кога донациите пристигнуваат од компаниите затоа што гледаме дека и кај нас постепено почнува да се развива општествената одговорнот кај фирмите, а Новартис е секако помеѓу предводниците на овој тренд“, рече др. Аспазија Софијанова, директор на скопската Клиника за детски болести.

Вредноста на апаратот е 171.100,00 денари.

„Ние во Новартис веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е од исклучителна важност, особено кога се работи за помош кај најмладата популација. Се надеваме дека со оваа донација на инфузиомат од најновата генерација ќе ја олесни апликацијата на цитостатската терапија на Клиниката за детски болести“, изјави др. Јасминка Талеска, директор на скопското претставништво Новартис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП