5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКокино ќе се развива како туристичка дестинација

Кокино ќе се развива како туристичка дестинација

12d3a1624919231b95288e79bd87d3e7e74179d9

Проект за развој на архео-астрономскиот локалитет Кокино како туристичка дестинација беше претставен во петок на прес конференција.

Проектот се спроведува од страна на Националната установа музеј Куманово, во соработка со Локалната акциона група Абер 2015 и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и владата на Швајцарија.

На конференцијата се обратија министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска, директорката на НУ музеј Куманово, Анита Цветановска, и Мајкл Стиватер, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија.

Проектот за развој на Кокино како туристичка дестинација вклучува нова веб страна (www.kokino.mk) и видео спот за локалитетот, како и аудио водич (во форма на мобилна апликација), поставување на патокази, реновирање на информативни табли, поставување на заштитни прегради за ранливите делови од опсерваторијата и оградување на локалитетот.

Опсерваторијата и светата планина Кокино е меѓу најстарите и најуникатните примери на културно наследство во Македонија, па затоа целта на проектот е локалитетот да стане лесно достапен за туристи и физички и на интернет, а притоа да се сочува неговиот автентичен изглед. По завршувањето на прес конференцијата се одржа работилница со туроператори за создавање на нови тури во североисточниот регион кои го вклучуваат Кокино, како и зголемување на квалитетот на постоечките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП