19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов се сретна со членови на италијанско-македонската стопанска комора

Иванов се сретна со членови на италијанско-македонската стопанска комора

it ivanov 33

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на посетата на Италија, во четвртокот во Рим оствари работна вечера со членови на италијанско-македонската стопанска комора, која што работи на развојот на економската соработка меѓу двете земји.

Бизнисмените го информираа Иванов за нивните активности во насока на унапредување на економската соработка и трговската размена со Македонија, притоа истакнувајќи дека нашата држава за нив претставува привлечна дестинација за проширување на нивните бизниси и капацитети.

Иванов истакна дека Италија претставува значаен трговски партнер на Македонија, и во континуитет е меѓу првите 10 земји-трговски партнери на нашата држава, изразувајќи очекување дека во наредниот период ќе се зголеми бројот на италијанските инвестиции во Македонија.

Италијанско-македонската стопанска комора е формирана во 2015-та година со цел продлабочување на севкупните односи меѓу двете држави, со акцент на стопанската и економската соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП