22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил најави кредитни линии од 20 милијарди долари за поттик на економијата

Бразил најави кредитни линии од 20 милијарди долари за поттик на економијата

brazil 33ek

Бразилската влада најави посебни кредити во вкупен износ од 20 милијарди долари за да ја поттикне економијата, која е погодена со рецесија.

„Ќе понудиме кредитни линии во вкупен износ до 83 милијарди реали (20,4 милијарди долари) за земјоделие, живеење и инфраструктура, како и за малите и средни претпријатија“, рече во четвртокот министерот за финансии Нелсон Барбоса.

Кредитите ќе бидат понудени преку банките во државна сопственост и другите тела „преку најдобра можна употреба на расположливи средства“, за да не се оптоварат јавните финансии, истакна Барбоса.

Почетокот на 2016 година беше тмурен за Бразил, седма по големина економија, која во август ќе биде домаќин на Олимписките игри.

Официјалните податоци покажуваат дека минатата година во Бразил биле затворени 1,5 милиони работни места.

ММФ објави дека активностите на бразилската економија во 2015 година се намалиле за 3,8 отсто, а за оваа година се прогнозира пад за дополнителни 3,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП