26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на француската економија во 2015

Раст на француската економија во 2015

francijakrizafrance

Француската економија во 2015 година порасна 1,1 проценти, што е најбрзото темпо на раст во последните четири години, покажаа податоците на француската агенција за статистика Инсее.

Франција, како втора најголема економија во еврозоната, во четвртиот квартал регистрираше раст од 0,2 проценти во однос на растот од 0,3 проценти во периодот јули-септември 2015 година, се наведува во соопштението на Инсее, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците за бруто домашниот производ (БДП) за цела измината година, кои се значително подобри во однос на растот од 0,2 проценти во 2014 година, се во согласност со предвидувањата на владата во Париз, додава статистичката агенција.

„Факт е дека БДП на Франција продолжи да расте и во четвртиот квартал, и покрај терористичките напади во ноември во Париз, во кои загинаа 130 луѓе, а тоа е доказ дека Французите не се предадоа“, изјави францускиот министер за финансии, Мишел Сапен.

Тој додаде дека 2015 година била година на закрепнување, додека во оваа година ќе дојде до интензивирање на трендот за раст на економијата и поголемо отворање на работни места.

И довербата на потрошувачите во Франција минатата година порасна за 1,4 проценти, додека нивото на деловни инвестиции скокна за два проценти на годишно ниво.

Статистичките податоци покажуваат непопуларен тренд на невработеноста, таа повторно пораснала во декември, на нов рекорд од 3,59 милиони невработени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП