19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСега е дефинитивно крај: Збогум Defender! (фото+видео)

Сега е дефинитивно крај: Збогум Defender! (фото+видео)

landic 3

Откако „Land Rover“ во 2015-та го одложи неминовниот крај на „Defender“ зa неколку месеци, овој легендарен модел дефинитивно заминува во историјата, денеска, 29-ти јануари.

Производството на еден од најпознатите и најдолговечните теренци ќе заврши во фабриката Солихул по речиси седум децении од неговото лансирање на пазарот. Коцкастиот „Defender“, кој со повремени освежувања и козметички интервенции го задржа оргиналниот дизајнерски концепт од 1948-ма до ден денешен, произведен е во преку 2 милиони примероци.

The last Land Rover Defender coming off the production line at Solihull (@jlrpr/Twitter/PA)

Во текот на седумдесетите години од постоењето е користење како службено возило на полициските и воените сили во бројни земји ширум светот, а бил и важен дел од сценографијата на играни и документарни филмови снимени во африканските савани.

landic 54

„Land Rover“ од својот најуспешен автомобил во историјата се збогуваше уште во 2015-та, кога на пазарот претстави специјална ограничена серија на овој модел, како и јубилејниот примерок со ознаката „2.000.000“ кој е продаден на аукција за 400.000 фунти.

Компанијата нема да го остави „Defender“ без наследник, кој би требало да се појави во 2017-та, но тоа ќе биде некоја сосема друга приказна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП