11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Рекорден пад на невработеноста во 2015

Шпанија: Рекорден пад на невработеноста во 2015

nevrabotenostspanija

Невработеноста во Шпанија минатата година евидентирала рекорден пад од речиси три процентни поени, на 20,9 проценти, покажуваат, податоците на шпанскиот Институт за статистика ИНЕ.

Бројот на невработени во Шпанија во 2015 година е намален за 678.200 на 4,78 милиони лица, што е најголем пад некогаш регистриран во оваа земја, но тоа е и понатака втора највисока стапка на невработеност во еврозоната, зад Грција, пренесува агенцијата Франс прес.

Според податоците на ИНЕ, бројката на долгорочните договори за работа минатата година пораснала за 170.600, додека договорите за привремено и определено време пораснале за 335.100.

Стапката на невработеност меѓу младите од 25 години остана особено висока, на ниво од 46,2 проценти.

Шпанија на средината на 2013 година излезе од рецесија, по петгодишната економска криза, поради што повеќе милиони луѓе останаа без работа, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП