2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM, Ford и Chrysler остварија најдобра продажба на американскиот пазар во последните...

GM, Ford и Chrysler остварија најдобра продажба на американскиот пазар во последните пет години

gm1

Американските автомобилски гиганти „General Motors“, „Ford“ и „Chrysler“ објавија дека во март оствариле најдобра продажба на американскиот пазар од 2007 година, благодарение на засилената побарувачка која е поттикната од поволните кредити и посилната економија.

Во САД во март се продадени вкупно 1,45 милиони возила, што е за 3,4 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година и највеќе во последните пет години, благодарение на зајакнувањето на економијата и поволните кредити кои ги поттикнаа купувачите и компаниите да ги посетат автосалоните, покажаа податоците на специјализираната веб страна „Автодата“.

Тоа е најголемата забележана бројка од 2007 година, кажаа бизнис лидерите и аналитичарите, потврдувајќи ја проценката дека продажбата во оваа година ќе надмине 15 милиони возила.

Во февруари, продажбата на годишно ниво се зголеми за 3,7 проценти, со продадени 1,19 милиони возила.

„GM“ објави дека во март продал најмногу автомобили од 2007 година, благодарение на зајакнувањето на економијата и новите проиводи. Продажбата им се зголемила за шест проценти, на 245.950 продадени возила.

„Chrysler“ изјави дека се продадени 171,606 возила, пет проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година, односно најголемата забележана бројка од 2007 година. „Ford“ продаде 236,160 возила, што претставува најголем број од 2007 година, зголемувајќи ја својата продажба за шест проценти.

„Не сме целосно вратени на нивото кое го постигнавме пред рецесијата, но индустријата е се поблиску до целосно закрепнување“, залучи аналитичарката на Edmunds.com, Џесика Колдвел.

Автомобилскиот пазар во САД се опоравува по повеќегодишниот болен процес на преструктуирање на производителите и нарушување на побарувачката под влијание на финансиската криза во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП