8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFacebook и растот на цената на нафтата го поттикнаа Волстрит

Facebook и растот на цената на нафтата го поттикнаа Волстрит

volstrit (1)

Берзанските индекси пораснаа во четвртокот благодарение на растот на цената на нафтата и подобрите од очекуваните деловни резултати на неколку компании, вклучително и на Facebook.

Dow Jones зајакна за 125 поени, или 0,79 отсто, на 16.069 поени, додека S&P 500 порасна 0,55 отсто, на 1.893 поени, а Nasdaq 0,86 поени, на 4.506 поени.

Вообичаено за последно време, и вчера насоките на берзата најмногу зависеа од цената на нафтата. А со оглед дека скокна за над 3 отсто, најголеми добитници вчера беа акциите во енергетскиот сектор, со просечен раст на цената за 3,1 отсто.

Благодарение на надежите дека OPEC, Русија и останатите големи производители на нафта ќе го намалат производството поради големиот јаз меѓу понудата и побарувачката, цената на нафтата на лондонската берза скокна за 2,4 отсто, на 33,89 долари.

На американската берза, пак, барелот поскапе 2,9 отсто, на 33,22 долари, па од почетокот на неделата цената на нафтата порасна околу 6,5 отсто.

Доброто расположени на инвеститорите и подобрите од очекувани деловни резултати на неколку компании, пред се на Facebook, чија цена скокна за над 15 отсто.

Индексот на технолошкиот сектор порасна 1,5 отсто, што се должи и на успонот на цената на акцијата на Alphabet, кровна компанија на Google.

Солидните деловни резултати на низа компании и успонот на цената на нафтата ги поттикнуваат надежите дека се при крај острите осцилации на берзите, кои беа предизвикани од падот ан цената на црното злато. Сепак, аналитичарите повикуваат на внимателност.

„Некои големи компании објавија сјајни деловни резултати. Би сакал да кажам дека берзите од сега ќе растат, но мислам дека тоа нема да биде толку лесно“, вели Чак Карслон директор во компанијата Horizon Investment Services.

И додека деловните резултати на повеќето компании вчера беа подобри од очекуваните, некои потфрлија. Така вчера поради послабите од очекуваните деловни резултати цените на акциите на Amazon и на eBaya потона над 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП