29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка оствари нето добивка од околу 8.5 милиони евра

Комерцијална банка оствари нето добивка од околу 8.5 милиони евра

komercijalna-banka22

Во периодот 01.01-31.12.2015 година Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 525,1 милиони денари наспроти 95,6 милиони денари остварена нето добивка во минатата година.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 26,8% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи од дејноста, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста. На реализираниот позитивен финансиски резултат влијание има и подобрувањето на кредитното портфолио во текот на годината и зголемената наплата на побарувања, поради што износот на издвоени дополнителни исправки на вредност по основ на кредити е намален во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.563,6 милиони денари и бележат зголемување од 12,9% во однос на минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите бележат зголемување од 12,4% во однос на истиот период од минатата година. Планот е исполнет со 104,8%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2015 година изнесуваат 897,3 милиони денари и во однос на состојбата од крајот на минатата година бележат намалување од 1,3%. Планот е остварен со 97,7%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2015 година изнесуваат 109,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 5,4%. Планот е остварен со 94,5%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2015 година изнесуваат 331,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 88,1% главно како резултат на зголемувањето на наплатените претходно отпишани побарувања и на приходите по основ на девизно работење (арбитража). Планот е остварен со 108,5%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2015 година изнесуваат 1.715,2 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 4,5% главно како резултат на намалените останати расходи од дејноста во најголем дел (премии за осигурување на депозити и материјални трошоци и трошоци за услуги). Планот е остварен со 93,2%.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.12.2015 година достигна износ од 1.727,4 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 5,6%.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигна износ од 532,6 милиони денари и бележи зголемување од 72,7% во однос на претходната година. Поголемиот дел од евидентираното оштетување се однесува на имотот преземен по 01.01.2010 година, дел се однесува на оштетување на имот преземен до 01.01.2010 година, додека остатокот претставува загуба за оштетување по основ на препроценки. Планот е исполнет со 143,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП