29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКривични пријави против „ЧЕЗ" за договорите со доставувачите

Кривични пријави против „ЧЕЗ” за договорите со доставувачите

cez-profit

Бугарското Обвинителство, по спроведувањето на енергетската контрола во земјата ќе покрене пет кривични пријави, од кои две се однесуваат на бугарското претставништво на чешката компанија за дистрибуција на електрична енергија „ЧЕЗ”, јавија чешките медиуми.

Според медиумите, како што пренесе дописникот на МИА од Прага, Обвинителството ќе ја проверува распределбата на дивидендите во „ЧЕЗ”, при која надлежното Министерство за економија како претставник на државата, наводно, не ги исполнувало своите должности.

Исто така ќе биде покрената иницијатива за испитување на договорните односи на чешката енергетска компанија со доставувачите. Обвинителството не одлучувало за одземање на лиценцата за работа на „ЧЕЗ” поради немање надлежност за тоа. Главното обвинување против чешкиот дистрибутер на енергија се однесува на „сериозни неправилности”, кои наводно биле откриени во договорите склучени при јавните набавки.

Врз основа на контролите на некои од 143 склучени договори, бугарското Обвинителство се сомнева дека при работата на „ЧЕЗ” се вршеле обиди и активности со цел да се заобиколи законот кој се применува при јавните набавки.

Раководството на бугарската филијала на „ЧЕЗ” на овие обвинувања, издаде соопштение во кое тврди дека сите активности на компанијата биле во согласност со законите на Бугарија и на Европската унија.

„ЧЕЗ”- Бугарија, според наведеното, „ќе соработува со истражните и судските органи со цел да помогне во откривање на вистината” и да покаже дека „ЧЕЗ” е стабилен и силен европски инвеститор кој работи транспарентно и законски”. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП