12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Јапонија воведе негативна каматна стапка

Банката на Јапонија воведе негативна каматна стапка

bank-of-japan

Банката на Јапонија воведе негативна каматна стапка во настојување да помогне во закрепнувањето на третата најголема светска економија.

Банката соопшти дека на комерцијалните банки ќе им наплатува 0,1 проценти на некои депозити оставени во централната банка, надевајќи се дека со тоа ќе ги поттикне да даваат повеќе заеми и да ги стимулирааат инвестициите и развојот.

Ова е прв пат Банката на Јапонија да воведе негативна каматна стапка, а тој ненадеен потег веднаш имаше влијание на финансиските пазари. Јапонскиот индекс Nikei 225, кој на средина на денот падна на околу 0,8 проценти, порасна за 2,8 проценти на крајот од денот, а вредноста на јапонскиот јен опадна од 118,50 на 120,40 јени за долар.

Банката на Јапонија соопшти дека ќе ги подели депозитите во три категории кои ќе имаат позитивна, нулта и негативна каматна стапка.

Мерката ќе биде на сила колку што е потребно за да се остварат целните два проценти инфлација, а рокот за остварување на таа цел во меѓувреме е поместен од крајот на 2016, на средината на 2017 година.

Стапката на инфлација во 2015 година во Јапонија, без променливите цени на храната, изнесуваше 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП