22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако некогаш Швајцарија, сега Америка станува новиот даночен рај?

Како некогаш Швајцарија, сега Америка станува новиот даночен рај?

pari usa1

Соединетите Американски Држави се новата Швајцарија, кога станува збор за избегнување на плаќање на данок и можеби ниту една држава не е подобра од САД за даночно затајување, пишува „Блумберг“.

Во текстот на „Блумберг“ се наведува дека американските држави Невада, Вајоминг и Јужна Дакота постепено ја превземаат „работата“ на Британските Девствени острови, Бахамите и Швајцарија, затоа што САД нуди тајност на банкарските сметки.

Банкарскиот гигант „Ротшилд“, на пример, отвори подружница во градот Рино, во Невада, само неколку блока од најпознатите казина, со цел да ги избегне новите меѓународни барања за објавување на даночните информации, од кои „коцкарска“ Невада е изземена.

pari usa

Филијалата на „Ротшилд“ ги услужува меѓународните клиенти привлечени од стабилноста на американскиот финансиски систем, а портпаролката Ема Рес истакнува дека клиентите мораат да „докажат дека не ги прекршуваат даночните закони во своите земји“ и дека подружницата „не е осована со цел да се искористи фактот дека САД не се приклучи на меѓународните стандарди за известување“.

Исто така, компанијата „Тридент Траст“, најголемиот провајдер на „офшор“ фондови, пресели во САД десетици клиенти од Швајцарија и од Кајманските острови, се наведува во текстот, а тоа укажува дека САД е една од ретките држави која и денеска се раководи на принципот на тајност на банкарските сметки на странските органи.

Тоа најмногу би можело да ги налути Швајцарците, чии банки се најдоа на удар на американските власти пред шест години кога беше побарано да се укине повеќевековната традиција на „банкарски тајни“, односно доверливост во поглед на финансиските трансакции на клиентите, по што швајцарските банки беа познати во светот.

pari usa2

Американските даночни засолништа се привлечни затоа што сојузните држави немораат да го почитуваат договорот за отстапување на податоците на клиентите на даночните власти во САД од 2010-та година, а од финансиските компании се бара да ги објават податоците за сметките на американските граѓани во странство и да ги пријават на даночните власти.

Покрај тоа, САД не потпиша ниту договор со Организацијата за економска соработка и развој (OECD) за размена на даночните информации, што значи дека со тоа во САД ќе привлечат уште повеќе клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП