На Македонската берза четврточниот трговски ден, кој заврши со вкупен промет од околу 5,4 милиони денари, најголем раст на цената имаше кај акцијата на „Гранит“ АД Скопје.
Истргувани беа вкупно 1.073 акции во седум трансакции, и притоа остварен промет од 531.560 денари. Оваа акција се најде на врвот на листата на добитниците, со пораст на акцијата за 1,10 отсто и просечна цена од 495,40 денари.
Единствен „милионер” на денот, со највисок промет од околу 1,4 милиони денари, беше акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје со истргувани вкупно 626 акции во 14 трансакции.
Во четвртокот на листата на губитници челното место го имаше акцијата на „Охридска банка“ АД Охрид со пад од 2,74 отсто и просечна вредност на акцијата од 2.382,92 денари. Веднаш зад неа се рангираа акциите на „Телеком“ АД Скопје. со пад од 2,65 проценти, и просечна вредност на акцијата од 273 денари, „Македонијатурист“ АД Скопје со пад од 2,60 отсто и просечна вредност на акцијата од 3.750 денари, како и акцијата на „Витаминка“ АД Скопје. со пад од 2,22 отсто.
За обврзниците во четвртокот владееш мал интерес, па така вкупниот промет со нив изнесуваше 189.311 денари што беше остварен само со Обврзниците за денационализација од 14 емисија.
Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,15 отсто, и неговата вредност на крајот од денот беше 1.807,66 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет