11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК бара законски реформи за поголема фискална дисциплина

ССК бара законски реформи за поголема фискална дисциплина

sojuz-komori

Сојузот на стопанските комори по завршување на изборите ќе бара измени на повеќе закони, со цел да се подобри финансиската дисциплина во државата.

– Треба  да се воведе законска реформа за дисциплина на плаќање, како помеѓу приватниот сектор, така и на државата кон приватниот сектор. За тоа се потребни измени на сет законски прописи, пред се во законите за платен промет, за банкрот, стечај, ликвидација… Ако се донесат може да се воведе меѓусебна фискална дисциплина, изјави денеска Мирче Чекреџи, претставник на Стопанската комора на Македонија.

Според него, иако е заживеан инструментот за наплата задолжница, ги покрива само поголемите зделки, но е непрактична за помали суми.

– Чекаме да поминат изборите и да излеземе со предлог до Владата да направи измени во неколку закони и конечно да се стави ред. Сега има ред во плаќањето само во малопродажбата. Во големопродажбата, производството, нарачките, просечниот период за наплата е шест до седум месеци, што е доста тешко за реалниот сектор, рече Чекреџи.

Тој информира дека според во анкетата што ја направиле помеѓу членките немало пријава дека државата доцни во враќање на побарувањата од компаниите.

 – Слободно можеме да оцениме дека државата во овој момент ги исплати ДДВ-то и договорните обврски, посочи Чекреџи, истакнувајќи дека Владата ветила оти годинава ќе има висока дисциплина.

Излегувањето на индустриското производство од негатива, според  него, дава одреден оптимизам за бизнисот дека работите во економијата ќе се подобрат во втората половина од годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП