ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се движи кон 34 долари за барел

Цената на нафтата се движи кон 34 долари за барел

nafta 02

Цената на нафтата се доближи во четвртокот на светските берзи кон 34 долари за барел, поттикната од можноста дека главните производители би можеле да соработуваат.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 34 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,44 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 1,30 долари. На американската берза со барелот се тргува по непроменета цена во однос на претходното затворање, од 32,27 долари. Вчера тргувањето го заврши во плус 85 центи.

Рускиот министер за енергетика во четвртокот изјави дека би било разумно да се расправа за состојбата на нафтениот пазар, додавајќи дека OPEC се обидува да организира состанок следната недела со останатите производители на нафта на тема намалување на производството.

Членките на OPEC како Нигерија и Венецуела веќе неколку пати бараа намалување на производството за да се зголеми цената на нафтата, но до оваа недела имаше само многу мали сигнали дека најголемите производители се подготвени на таков потег.

Во таков амбиент инвеститорите се фокусираа на официјалните податоци за намалување на резервите на сирова нафта во клучниот јазол за 771 илјади барели, занемарувајќи ги вкупното ниво на резерви за 8,4 милиони барели.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП