13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар ја намали добивката и на H&M

Силниот долар ја намали добивката и на H&M

mh 3335

„Hennes & Mauritz“ (H&M), вториот најголем трговец на модни производи во светот, предупреди дека не гледа привремено олеснување од влијанието на доларот во првиот квартал. Валутата ги зголемила трошоците за набавки и довела до пријавување на добивка за четвртиот квартал под очекувањата на аналитичарите, соопштува „Bloomberg“.

Влијанието на скапиот долар ќе остане силно и во првиот квартал, а потоа постепено ќе исчезне, соопшти компанијата со седиште во Стокхолм. Профитот пред даноците се намалил за 8,4% до 7,15 милијарди круни (839 милиони долари) во трите месеци до крајот на ноември, што е под очекувањата на аналитичарите за 7,27 милијарди круни.

„Насоките за првиот квартал изгледаат особено слаби. Изгледа како да ќе има уште монетарен притисок и падови, а тоа ќе ја направи вкупната маргина на притисокот посилен“, вели Џејми Мерима, аналитичар во „Sanford C. Bernstein“.

Синџирот продавници продава над 80% од своите производи во Азија, каде што цените на облеката често се врзани со доларот, што ја тера бруто маргината да се намали за 57,5% од 60,4%. Невообичаено мекото време во земји како Германија, каде „H&M“ прави околу една петтина од својата продажба, исто така, придонесува за послабата добивка, особено во ноември.

Акциите поевтинија за 2,7% до 288,20 круни на берзата во Стокхолм. Доларот е во просек за 10% посилен во однос на еврото во првите два месеци на тековниот квартал и за 15% во четвртиот квартал на „H&M“.

Компанијата планира оваа година да отвори вкупно 425 продавници, со фокус на Кина и САД, задржувајќи ја својата цел да го зголемува бројот на продавниците за 10-15% годишно. „H&M“ планира и да стартува електронска трговија на уште девет пазари, на пример Јапонија и Грција, во прилог на 23-тите, каде што веќе има онлајн активност.

„H&M“ предвидува раст на продажбата за јануари од 7% во основа, која го вклучува данокот на додадена вредност и ги исклучува девизните промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП