10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖитовојводина бара задолжителна анализа за прехранбените производи од Македонија

Житовојводина бара задолжителна анализа за прехранбените производи од Македонија

zemjodelstvo12

Србија веднаш да воведе построга контрола за земјоделските и прехранбените производи кои се увезуваат од Македонија, побара во четвртокот компанијата Житовојводина.

Предложено е од секој камион да се земат примероци и да се испратат на анализа за квалитетот на овластените лаборатории, а за секоја анализа да се наплатува по 450 евра.

Житовојводина упати писмо до српскиот премиер Александар Вучиќ во кое образложува дека мотивите за ова барање произлегуваат од тоа што органите во Македонија веќе шест години на разни начини го отежнуваат увозот на брашно од Србија во Македонија, а последна обврска е да се изработува анализа и супер анализа за секој камион со испорачано брашно од Србија.

Анализите мораат да се работат во две приватни лаборатории во Македонија кои се во сопственост на две домашни мелници, што е драстичен пример за судир на интереси, наведува Житовојводина.

Цената на секоја анализа е 450 евра по камион, што претставува осум отсто од вредноста на испорачаното брашно, со што се купи секоја економска смисла за извоз на брашно во Македонија, наведува српската компанија.

Од претставниците на Владата на Србија очекуваме со брза реакција да ги заштити интересите на домашните извозни компании кои се борат со квалитет, количини и континуитет, почитувајќи ги начелата на ЦЕФТА договорот за слободна трговија, да изборат свое место на захтевниот извозен пазар, се наведува во писмото на Житовојводина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП