28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно се тргува на европските берзи

Внимателно се тргува на европските берзи

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

Внимателно се тргува на европските берзи денес, а индексите се час во позитивно, час во негативно подрачје, додека поддршка пружа постабилната цена на нафтата.

FTSEurofirst 300 на водечките европски акции беше околу 11.30 часот во минус 0,3 отсто, откако вчера зајакна за 0,4 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,2 отсто, на 5.977 поени, додека франкфуртски DAX се намали 0,50 отсто, на 9.833 поени, а париски CAC 0,20 отсто, на 4.371 поен.

Најмногу за 1,3 отсто, пораснаа цените во енергетскиот сектор, што се должи на постабилните цени на нафтата во споредба со претходните денови.

Откако вчера скокна за над 4 отсто, цената на барелот изутрината на лондонската берза зајакна 20 центи, на 33,28 долари.

Од друга страна, инвеститорите не се расположени позначително да ризикуваат бидејќи не се сигурни што планира американската централна банка.

Вчера по дводневната седница, челниците на Фед, како што се очекуваше, ги задржа клучните каматни стапки непроменети. Но, не најавија јасно дали ќе го забават темпото на покачување на цената на парите.

„Фед е многу прагматичен, покажува дека е подготвен да го оцени влијанието на состојбата врз берзите и одлуката ќе ја одложи до крајот на март“, вели Марко Валиати, директор во банката Cassa Lombarda.

Инвеститорите се внимателни и поради различните квартални деловни резултати на компании. Цената на акцијата на Roche падна за 3 отсто бидејќи добивката на швајцарскиот фармацевтски гигант е под очекувањата.

Акцијата на H&M поевтини за 3,8 отсто, откако модниот производител порача дека ги спуштил цените поради слабата продажба за време на невообичаено топлата зима, што заедно со курсот на доларот ги притисна деловните резултати на компанијата.

Од друга страна, акцијата на Electrolux поскапе за 3,5 отсто, иако шведскиот производител за домашни апарати извести за загуба во изминатото тромесечје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП