26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на индустриските производи на домашниот пазар пониски за 0,8 проценти

Цените на индустриските производи на домашниот пазар пониски за 0,8 проценти

industrija259bosna

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година, продажните цени на  производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно ниво, односно  за 0.8% на годишно ниво.

Во декември 2015 година, во споредба со ноември 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 1.4%, Интермедијарни производи, освен енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%, и во групата Енергија за 0.2%.

Во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП