20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдземен имот од 1.3 милијарди евра на „господарот на ветерот“

Одземен имот од 1.3 милијарди евра на „господарот на ветерот“

zalog

Италијанската полиција извести дека судот го потврдил рекордното запленување на имот во вредност од 1.3 милијарди евра кој припаѓал на еден бизнисмен кој се занимава со обновување на енергија, а бил поврзан со сицилијанската мафија.

На Вито Никастри, познат како „господар на ветерот“, му биле одземени 43 компании, 98 недвижности (вили, парцели и згради), седум автомобили, 66 тековни сметки и друга финансиски средства. Вкупната вредност на сите одземени работи се проценува на 1.3 милијарди евра.

Целиот овој имот е распростран по разни делови на Италија и беше одземен во септември 2010-та година, а сицилијанското правосудство овие денови ја донесе конечната одлука за запленувањето.

Вито Никастри е бизнисмен кој успеал во полето за обновување на енергијата, особено енергијата на ветерот и сонцето, кое денеска се смета за нов сектор за перење на мафијашките пари.

Се смета дека Никастри е поврзан со Матео Месина Денаро, сегашниот главен водач на сицилијанската мафија Коза Ностра.

Никастри три години ќе остане во домашен притвор во својата куќа која се наоѓа во општината Алкамо на Сицилија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП