1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите места за пензионирање во светот

Најдобрите места за пензионирање во светот

penzioner k3

Изданието „International Living“ излезе со својата традиционална годишна оценка за тоа каде е најдобро да се пензионирате во оваа година, пренесе „Нuffingtonpost“.

Во рангирањето учествувале 23 земји, а во предви се земени факторите, како пристапност на стоките и услугите, интернет пристап, здравството, клима и лесен пристап за патување до други земји.

penzioner k301

И бидејќи рангирањето е ориентирана кон тоа да ги дава најдобрите предлози за пензионерите од други земји, со голема тежина во неа се фактори како цена на недвижности, потенцијални привилегии за странски пензионери, како и можна забава. Резултатите повторно не се особено големо изненадување, така што на челото доминираат земји од Јужна Америка. Панама е рангирана на прво место како најдобро место за странски пензионери. Земјата е со пристапни цени, здравството е со висок квалитет, климата е поволна. Покрај тоа, жителите на земјата се дефинираат како пријателски и гостопримливи, а англискиот јазик е широко распространет.

penzioner k302

Вкупно шест земји од Јужна Америка спаѓаат во рангирањето на десетте најдобри места за странски пензионери – Панама, Еквадор, Мексико, Коста Рика, Колумбија и Нигерија.

Малезија ја зазема највисоката позиција во однос на критериумот пристапност. Таа е рангирана на петтото место во редот. Земјата станува достапна во последните години и во однос на цените. Таа е најпосакувана од пензионерите главно од Велика Британија и Австралија во последниве години, но станува популарна и за пензионираните Американци.

penzioner k303Во однос на здрав начин на живот, првата позиција е за Костарика и Никарагва. Луѓето кои сакаат да уживаат во свежиот воздух и добро време, дефинитивно погледнуваат кон нив. Овие две земји нудат исто така висок квалитет на здравството. Лесен пристап до виза и добивање на државјанство се нови критериуми кои се земаат предвид во овогодинешното рангирање. Во некои земји, како Панама пример, тоа е релативно лесно и евтино. Највисоко во рангирањето во однос на квалитетот на здравството се квалификуваат и Колумбија и Малезија, кои сериозно го развиваат здравствениот туризам поради ниските цени и високиот квалитет на услугите.

penzioner k304

Во однос на најголема пристапност во цените на стоките и услугите, на прво место е Камбоџа. Апартмани во добри населби може да се најдат за месечни кирии од 250 долари, а вечера надвор чини во просек околу 5 долари.

Во однос на добрата инфраструктура, пристап до аеродроми, интернет и слично, првите позиции се за европските земји, како Шпанија, Португалија, Ирска, Франција и Малта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП