20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири: Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот

Незири: Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот

neziri

Министерот за економија Беким Незири во четвртокот го презентираше Твининг проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“, спроведен од Данската канцеларија за патенти и трговски марки, а чија цел е зајакнување на капацитетите на нашите државни институции во обезбедувањето на соодветни услуги во согласност со препораките на Европската унија. 

„Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот, каде што трговските марки и патентите се заштитени преку ефективни правни одредби и подобрени капацитети на агенциите кои ги спроведуваат законите. Фалсификувањето и пиратеријата имаат огромно штетно влијание врз бизнисите и постои можност да станат уште попроблематични поради неодамнешната економска криза и растечката продажба на лажни производи. Република Македонија има постигнато значајни резултати во обидот за спречување и намалување на ефектите од овој феномен, но за да се успее на овој долг пат, потребна е дополнителна поддршка и експертиза“, истакна министерот Незири.

Шефот на делегацијата на Европската унија, Аиво Орав во своето излагање спомена дека проектот вреден 1,4 милиони евра има за цел да ја зголеми подготвеноста на земјата во делот на заштита на интелектуалната сопственост.

„Способноста на земјата да ги заштити правата на  интелектуална сопственост е од големо значење за инвестиорите. Тоа е витално барање за земји кои се насочени кон привлекување на инвестиции и придвижување кон економија базирана на знаење. Правата на интелектуална сопственост подразбираат стратешки пристап и подобрен процес на собирање на податоци, како и координација меѓу релевантните институции“, рече Орав.

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули го потенцираше значењето на Твининг проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“, како алатка за усогласување на законската регулатива со европската, со што Република Македонија ќе постигне уште еден чекор напред кон ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП