29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките новинари се придружја кон протестите против реформи во пензискиот систем

Грчките новинари се придружја кон протестите против реформи во пензискиот систем

vesnici gr 335

Новинарите во Грција во четвртокот се придружија кон адвокатите, полицајците, докторите и претставниците на останатите професии во протестите поради планираните реформи на пензискиот систем, барани од страна на меѓународните кредитори, пренесуваат светските агенции.

Поради денешниот еднодневен генерален штрајк на новинарите нема да има нови новински написи, потоа информативните портали нема да бидат ажурирани, а утрешните веснци нема да бидат испечатени.

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас мора да го намали притисокот врз пензискиот систем, кој е преоптоварен од големата стапка на невработеност, стареењето на нацијата и реструктурирањето на долгот од 2012 година, кој не беше поволен за инвестиции во пензискот фонд.

Критичарите на непопуларните реформи на пензискиот систем наведуваат дека новите мерки драстично ќе ги намалат приходите на граѓаните. Левичарската влада на Ципрас наиде на голем отпор на реформите кои беа побарани од страна на меѓународните кредитори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП