15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шуто Оризари 8.000 жени во репродуктивен период сè уште немаат гинеколог

Во Шуто Оризари 8.000 жени во репродуктивен период сè уште немаат гинеколог

romki-ginekolog

По серијата барања и средби со институциите, како и низата ветувања добиени од страна на ресорното Министерство за здравство, жените во Шуто Оризари, сепак не добија матичен гинеколог.

Времените мерки, воведени во 2014 година, а ревидирани во ноември 2015 година според кои беше предвидено гинеколог да доаѓа еднаш неделно, а од неодамна три пати, се покажаа како неефективни и незадоволителни.

Предизвиците со кои се соочуваат жените во репродуктивен период од општината се огромни. Непостоењето на матичен гинеколог повлекува и лоша здравствена заштита, немање пристап до редовни, навремени и неопходни прегледи и услуги, сериозно го ставаат под ризик здравјето на жените, но и на мајките и бебињата.

Жените од Шуто Оризари бараат одговори, но и одговорност и мерки имплементирани во пракса, од министерот за здравство, но и градоначалникот на општина Шуто Оризари.

Прашуваат кои се следните чекори и што ќе се преземе доколку не се пријави матичен гинеколог до крај на јануари и покрај најавената финансиска стимулација?

„Кога општината ќе го исполни своето ветување да учествува со финансиски средства со цел дополнително да стимулира отворање на ординација на матичен гинеколог во Шуто Оризари? Како ќе се реши проблемот со недоволниот број на патронажни сестри кои требаше да ги посетат жените Ромки барем двапати во текот на бременоста, кога резултатите од терен покажуваат дека само 5,6% ја добиле оваа услуга, и тоа само еднаш“, прашуваат жените.

Исто така, се интересираат кои се механизмите и на кој начин ќе се обезбеди реализацијата на бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи, како и бесплатно породување, без разлика на имањето здравствено осигурување, за бремените жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП