18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на Волстрит, Фед разочара

Остар пад на Волстрит, Фед разочара

wall street

Цените на акциите на Волстрит остро паднаа во средата во нестабилно тргување поради слабите деловни резултати на компаниите и недоволно јасните пораки на Фед за натамошните планови во врска со каматните стапки.

Dow Jones ослабна 222 поени, или 1,38 отсто, на 15.944 поени, додека S&P 500 се намали на 1,09 отсто, на 1.882 поени, а Nasdaq за 2,18 отсто, на 4.468 поени.

Тргувањето на Волстрит во средата беше нестабилно, па на почетокот индексите значително паднаа поради послабите од очекуваните деловни резултати и проценки на Apple и Boeing.

Потоа,индексите го надоместија целиот минус, благодарение на скокот на цената на нафтата по вестите дека Русија преговара со OPEC за можно намалување на производството за да се смали јазот меѓу понудата и побарувачката. На лондонската берза цената на нафтата вчера скокна за 4,1 отсто, на 33,10 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе 2,7 отсто, на 32,35 долари.

Сепак, пред крајот на тргувањето цените на акциите повторно остро паднаа бидејќи инвеститорите ги разочараа пораките на челниците на американската централна банка.

Иако Фед, како што се очекуваше, ги остави непроменети клучните каматни стапки, не најави јасно дека ќе го забави темпото на зголемување на цената на парите во оваа година, на што се надеваа инвеститорите.

Фед порача дека внимателно го следи развојот на состојбите во глобалната економија и на финансиските пазари и дека американската економија и натаму е на пат на умерен раст.

„Се чини дека челниците на Фед не се импресионирани од случувањата на берзите и дека тоа е недоволно за да ги променат плановите. Поради тоа падна берзата во средата“, вели Стивен Масока, директор во Wedbush Equity Management.

Осум од 10 сектори од составот на S&P 500 вчера загубија на вредноста, а најмногу а 2,5 отсто падна цената на акциите во технолошкиот сектор.

Најмногу, за 6,5 отсто, потона цената на акцијата на Apple, бидејќи технолошкиот гигант проценува дека приходите и продажбата на ајфони во тековното тромесечје ќе се намали.

Уште посилно, за речиси девет отсто, потона цената на акцијата на Boeing, бидејќи инвеститорите не ги импресионираа кварталните деловни резултати на најголемиот светски производител на авиони.

 

 

 

На европските берзи, пак, цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE зајакна за 1,33 отсто, на 5.990 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,59 отсто, на 9.880 поени, а париски CAC 0,54 отсто, на 4.380 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП