8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина вбризга дополнителни 52 млрд долари пред празниците

Кина вбризга дополнителни 52 млрд долари пред празниците

juani1

Кинеската централна банка извести во четвртокот дека обезбедила нова финансиска инјекција за финансискиот систем, втора за само три дена, во очекување на силен раст на побарувачка за пари пред лунарната нова година.

Народната банка на Кина во финансискиот систем вбризга 340 милијарди јуани (52 милијарди долари), откако во вторникот преку редони операции на отворениот пазар влеа во системот 440 милијарди јуани (67 милијарди долари).

Кинеските компании обично исплатуваат плати и бонуси пред новогодишните празници кои оваа година се паѓаат на почетокот на февруари. Според кинеските обичаи, за време на празниците се подаруваат пари и разни подароци.

Дел од аналитичарите сметаат дека инјекциите функционираат како замена за монетарно олабавување, со оглед дека централната банка не е склона дополнително да го намалува уделот во задолжителните резерви за банките, стравувајќи дека таквиот потег дополнително би го ослабнал јуанот.

Кинеската економија минатата година порасна за 6,9 отсто, најмалку за 25 години, што ги поттикна очекувањата за дополнително намалување на каматните стапки или уделот на задолжителните резерви за банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП