25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија влезе во десетте најголеми земји на ММФ

Русија влезе во десетте најголеми земји на ММФ

imfdebt

Реформите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во чиј тек беше ревидирана квотата за учествување на земјите во оваа меѓународна финансиска институција стапија на сила, соопштиja вчера од фондот.

Русија за прв пат во историјата ќе влезе во десетте најголеми земји – членки на Меѓународниот валутен фонд, се вели во соопштението на ММФ.

Фондот ја зголеми квотата и за земјите во развој и државите БРИКС на кои ќе им припаднат 14,7 проценти.

Заедно со Русија во најголемите десет прв пат ќе влезат Кина, Индија и Бразил. Измените ќе стапат на сила за неколку недели.

Најголемата квота остана за САД – 16,7 проценти, додека 15 проценти овозможуваат да се блокира одлуката на фондот. По зголемување на квотата, Русија ќе има 2,73 проценти.

По реформите, обемот на средства на ММФ ќе порасне до 659 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП