3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да пронајдете работа во Австралија?

Како да пронајдете работа во Австралија?

australia-660x330

Сакате да започнете со потрага по работа во Австралија, но не знаете од каде да започнете? 

Еден од најголемите портали за потрага на работа во Австралија е seek.com.au, па за почеток не би било лошо да пребарате тука.

Описот на работа и потребните квалификации се детално објаснети, но за компанијата најчесто пишува „Мултинационална компанија со седиште во Сиднеј“ или нешто слично.

Во зависност од тоа каква работа барате, можете да ја проверите и понудата на gumtree.com.au. На пример, сезонските работи во угостителството најлесно ќе ги пронајдете токму на таа адреса. Популарен е и au.indeed.com, па фрлете некој поглед и таму.

Го пронајдовте огласот кој ве интересира и сега време е да го направите следниот чекор. Биографија (CV) и молба. Генералното правило е дека треба да се истакнете во големиот број на луѓе, но, сепак тоа не е така лесно. Испраќањето на универзално CV и молба за работа нема да ве одведат никаде. Бидете креативни направете оригинално CV кое на секој ќе му падне во очи (досега многу сме пишувале за успешноста на оригиналното CV).

Откако ќе успеете да бидете забележани, ќе добиете повратен позитивен одговор и прашања за интервју.

Што да очекувате при телефонското интервју? Кратко поминување преку CV-то и кометирање на претходното работно искуство, како и поврзување на наведеното со барањата за позицијата за која е испратена пријавата. Прашањата можат да бидат доста различни во зависност од позицијата и компанијата/агенцијата во која сте се пријавиле, па затоа нема да можете во буквална смисла однапред да се подготвите во целост.

Секако би требало да имате некоја генерална идеја што би одговориле на прашањата: како ќе придонесете за компанијата доколку ве вработи, како функционирате под притисок, какви сте кога работите во тим, а какви во самостојната работа и слично.

Со среќа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП