28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата го отежнува сообраќајот

Маглата го отежнува сообраќајот

magla patista 33

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има во: Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП