21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакцијата со акциите на Жито Вардар АД Велес го зголеми прометот...

Блок трансакцијата со акциите на Жито Вардар АД Велес го зголеми прометот на Македонската берза

mk berza

Трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност денеска беше отворен со блок трансакција со акциите на „Жито Вардар“ АД Велес.

Вкупно 9.448 акции по цена од 669 денари беа истргувани, со што беше остварен промет од 6.320.712 денари и пад на просечната цена на акцијата од значајни 39,02 отсто. Ова беше доволно за да акцијата се позиционира на првото место по остварен промет во денешниот ден со процент на учество од 52,64 отсто.

Во класичното тргување денес најтргувана беше акцијата на „Алкалоид“ АД Скопје со вкупен промет од околу 2,6 милиони денари, при што беа истргувани вкупно 478 акции во 17 трансакции по просечна цена од 5.398,37 денари.

На листата на добитници најголем раст оствари акцијата на „Македонијатурист“ АД Скопје со просечна цена од 3.850 денари и раст од 2,67 проценти. Наспроти неа на листата на губитници на денот прво рангирана беше акцијата на „Стопанска банка“ АД Битола со истргувани 600 акции, пад од 7,91 оттсо и вкупно остварен промет од 607.800 денари.

МБИ-10 порасна за 0,25 отсто и заврши на 1.810,33 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ и покрај тоа што имаше две трансакции со обврзниците остана непроменет.

Денот заврши со вкупен промет од околу 12 милиони денари реализирани преку 50 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП