5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата за воведување заедничко старателство

Дебата за воведување заедничко старателство

staratelstvo

Јавна дебата за иницијатива за промена на Законот за Семејство во насока на воведување на заедничко родителство и по развод ќе се одржи во четвртокот во Скопје.

Иницијативата е поведена од страна на група родителите незадоволни од постоечкиот системот, според кој во случај на развод децата се доделуваат само кај едниот родител, а на другиот видувањето со децата му е крајно ограничено

„Ваквата пракса е остаток од некое минато време и не е во ничиј интерес, а особено е во спротивност со интересите на децата кои се доведени во ситуација да другиот родител во голема мерка исчезне од нивниот живот, иако и тој родител има желба да продолжи да учествува во нивното воспитување и развој“, велат иницијаторите.

Оваа иницијатива за кратко време наиде на широк одѕив и поддршка од различни профили на луѓе (педагози, професори и психолози кои работат на оваа проблематика), но и од Првата Детска Амбасада Меѓаши.

„Како резултат, изготвивме предлог промена на Законот за Семејство кој го поднесовме во Министерството за Труд и Социјална Политика, со надеж дека Министерството ќе застане зад овој предлог и ќе го предложи во Парламентот“, се вели во соопштението.

Како прв чекор кон промена на законот во насока на воведување заедничко родителство и по развод, беше договорено да се организира јавна дебата на која покрај претставници на Министерството и Центрите за социјална работа, ќе учествуваат и професори, психолози, педагози и останати стручни лица. Дебатата ќе биде отворена за сите и секој ќе може да ги изложи своите видувања, стои во најавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП