11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирана Стратегијата за развој на полицијата

Презентирана Стратегијата за развој на полицијата

policija-razvoj

Стратегијата за развој на полицијата 2016-2020, еден од клучните документи изработени во рамките на проектот за институционална надградба на полицијата, претставен е во средата пред јавноста во ЕУ Инфоцентарот.

Овој стратешки документ ги идентификува потребите и потенцијалите, и ги дефинира развојните приоритети на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) за периодот 2016-2020 година.

Според Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се работи за стратешки документ со долгорочна развојна визија во кој фокусот е ставен на практичната имплементација и постигнувањето оптимални резултати.

„Полицијата е столб на безбедноста, мирот и благосостојба на нашето општество. Токму затоа наша заедничка цел е изградба на Полиција која е ориентирана кон афирмација на општествените вредности во функција на граѓаните и која ќе овозможи подобaр квалитет на живот, заштита на правата и мир и хармонија на сите граѓани,“ рече Спасовски.

Стратегијата предвидува развој на проактивен модел на полициско работење, поедноставување на организациската структура и унапредување на методологијата на работа, која ќе е компатибилна со најдобрите практики на европските полициски служби, со цел најефективно искористување на ресурсите според принципот на ефикасно финансиско управување.

Следствено, СРП се темели на четири главни столбови и тоа: управување со ресурсите, работа на полицијата со заедницата, успешно справување со криминалот, и учење и развој. Нејзиното спроведување ќе биде регулирано со Акциски план со утврдени финансиски средства потребни за реализација на целите.

„Полицијата е организација која ние сите ја гледаме секој ден на улица, во одредени објекти, во установи. Тоа е организација на која треба да ѝ веруваме, да ја врши својата работа на заштита и помагање. Европската унија е ангажирана во поддржување на овие реформи од 2002 година и нашата поддршка ќе продолжи и понатаму. Концептот на ЕУ за модерна полиција значи јавна услуга на граѓаните,“ рече  Лукаш Холуб, Раководител на Одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи во Делегацијата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП