10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот скок на резервите во САД, спречи раст на цената на нафтата

Силниот скок на резервите во САД, спречи раст на цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата се стабилизираше во средата на светските берзи на 31 долар за барел, по неочекуваниот голем раст на американските резерви кои го притиснаа во втор план очекувањето дека големите производители би можеле да постигнат договор за намалување на производството.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 31,54 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 1,30 долари. На американската берза барелот денеска поевтини за 65 центи во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 30,80 долари. Тргувањето вчера го заврши во плус 1,11 долари.

Нафтените пазари вчера ги подигнаа надежите дека клучните производители ќе постигнат договор за намалување на производството откако претставници на OPEC и Русија во неколку наврати неодредено сигнализираа дека би можеле да ги здружат силата во таа насока, што беше доволно цената да скокне и покрај процените на аналитичарите дека мали за шансите за еден таков договор.

„Позитивното расположение на пазарот резултираше од силните резултати на американските компании и шпекулациите дека OPEC и Русија разгледуваат намалување на производството. По наша проценка шансите за договор се многу мали“, сметаат аналитичарите на ANZ.

Дополнително денеска нагорен тренд сопре податокот на Американскиот институт за нафта за неочекувано силен раст на резервите на сирова нафта во минатата недела за дури 11,4 милиони барели. Се очекуваше осетно помал раст од 3,3 милиони барели.

„Оваа пролет неколку пати ќе паднеме на многу ниско ниво. Состојбата на физичкиот пазар е страшна и резервите само се трупаат, тако што цената повторно ќе тргне надолу. Се уште не завршивме со спуштањето“, смета аналитичарот на SEB, Бјорн Шилдроп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП