26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја снижи прогнозата за раст на 1,7 отсто

Германија ја снижи прогнозата за раст на 1,7 отсто

rast germanija 353

Германската влада во средата ја намали проекцијата за економски раст во оваа година, останувајќи сепак на оценката дека најголемата европска економија натаму е во добра состојба.

Во годишниот извештај за економијата, владата во Берлин сега очекува дека бруто домашниот производ во 2016 година ќе порасне за 1,7 отсто. Досегашната прогноза изнесуваше 1,8 отстотен раст.

„Германската економија е во добра состојба“, констатираше владата во Берлин во најновиот извештај.

Меѓу актуелните мотори на растот се издвојуваат ниските цени на нафтата, намалениот курс на еврото и рекордно ниската каматна стапка. Експертите напоменуваат дека и германската економија почнува да ги чувствува потешкотиите од забавувањето на Кина и на економиите во развој.

Германскиот БДП во 2015 година порасна за 1,7 отсто, што е незначително повеќе во споредба со 1,6-отстотниот раст во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП