13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМНР организираше комеморативна церемонија со цел оддавање почит на жртвите на холокаустот

МНР организираше комеморативна церемонија со цел оддавање почит на жртвите на холокаустот

evrei

Министерството за надворешни работи на Република Македонија во среда организираше пригодна комеморативна церемонија со цел оддавање почит на сите жртви на холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година биле депортирани и екстерминирани во логорот на смртта – Треблинка.

Церемонијата ја отвори министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска како и заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, а свое обраќање имаа и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, претставник од Еврејската заедница во Република Македонија, како и претставник од Младинскиот Образовен Форум.

На овогодишната комеморативна церемонија фокусот беше ставен на младите и потребата од нивно континуирано запознавање со најважните аспекти на холокаустот не само преку образовниот процес, туку и преку разни проекти со кои ќе се поттикне нивниот интерес за оваа тематика. Во овој контекст, на настанот присуствуваа и дел од учениците од неколку основни училишта од Република Македонија кои учествуваа во проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи”.

Во рамките на церемонијата во холот на Министерството за надворешни работи беше отворена изложбата „Ана Франк – историја за денешнината” која се реализираше во соработка со музејот „Куќата на Ана Франк“ од Амстердам и „Младинскиот образовен форум“ од Скопје. Изложбата е дел од поширок регионален проект поддржан од ЕУ, а Република Македонија е првата земја од регионот во која беше реализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП