15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронски ќе се издаваат потврди за ортопедски помагала

Електронски ќе се издаваат потврди за ортопедски помагала

maxresdefault (2)

Фондот за здравствено осигурување овозможува нови електронски услуги, а онаа која се однесува на осигурениците кои користат ортопедски помагала, ќе почне да функционира од 1 февруари годинава.

Со оваа нова електронска услуга – електронска заверка за ортопедско помагало, осигурениците нема потреба да доаѓаат во подрачните служби во ФЗОМ и да чекаат на шалтери, бидејќи специјалистот и матичниот лекар ќе може да ја издаваат и заверуваат потврдата од ординација, односно од нивното работно место. За остварување на ова право во 2015 година се направени 145.000 заверки на потврди за ортопедски помагала, што значи 145 илјади луѓе дошле во Фондот за здравствено осигурување. Од 1.2.2016 година, за сите овие осигуреници, овие услуги ќе биде достапни и по електронски пат и нема да има потреба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот.

На товар на Фондот се одобруваат вкупно 355 типови ортопедски помагала, односно 1.373 помагала од различни производители. Сите ортопедски помагала, за кои не треба одобрување од лекарската комисија, осигурениците од 01 февруари 2016 година ќе може директно да им ги заверува матичниот, односно лекарот специјалист. Истата потврда по направената заверка станува достапна за ортопедските куќи и со заверената потврда осигурениците одат во ортопедската куќа која сами ја избираат и веднаш го подигнуваат помагалото.

Оваа нова електронска услуга за сите осигуреници кои имаат потреба од ортопедско помагало, ќе важи за потколени ортози, ортози за горни екстремитети, дел од ортозите за рбетен столб (шанцова едноделна и дводелна кравата, корсет платнен лумбален (со фишбан и метални шини), минерва корсет, корективни ортози, ортопедски чевли, ортопедски влошки, еластични чорапи, бастуни, патерици, дубаци и одалки, појас и утега, вештачка дојка и останати помагала и санитарни справи (сите видови на пелени).

Од групата на очни помагала – сите видови на помагала од оваа група (очила, очила со бифокални стакла, очила со темни бифокални стакла, контактни леќи, очни призми со бифокални стакла, очни протези). Од групата на слушни помагала –  сите видови на задушни слушни апарати и канални слушни апарати. Од групата помагала за одржување на глас и говор – сите видови помагала од оваа група. Од групата на заботехнички и забнопротетички средства – сите видови помагала од оваа група.

Оваа новина ќе стане функционална од 01 февруари 2016 година. Специјалистите и матичните лекари ќе можат да се најават на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка и електронски да го потпишат барањето за потреба од ортопедско помагало.

Накратко, постапката е следна: кога осигуреникот оди кај специјалист и му е констатирана потреба од ортопедско помагало, наместо како досега да му се издаде потврда која е рачно направена, па осигуреникот да оди во Фондот да ја завери (а доколку има грешки повторно да се врати кај специјалистот), отсега специјалистите ги пополнуваат податоците за шифра на ортопедско помагало на порталот на Фондот врз основа на констатирана дијагноза, а во согласност со медицинските индикации утврдени во Правилникот за ортопедски помагала и потоа истата електронски ја потпишуваат. По направената електронска верификација на пропишаната потврда, истата е достапна на порталот за нарачка и издавање на потребното помагало. На овој начин осигуреникот оди директно во ортопедската куќа и си го подига ортопедското помагало. Како алтернатива и понатаму останува во функција можноста за заверка во подрачните служби на ФЗОМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП