3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во ноември 21.976 денари

Просечната нето-плата во ноември 21.976 денари

denari 33004

Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за индексите на просечната месечна исплатена нето и бруто плата по вработен за месец ноември.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува 101.8.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9.2%), Административни и помошни услужни дејности (8.4%) и Градежништво (7.1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и Дејности во врска со недвижен имот (2.6%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2015, изнесува 21.976 денари.

Во ноември 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува 102.0

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9.5%), Административни и помошни услужни дејности (8.6%) и Градежништво (7.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и Дејности во врска со недвижен имот (2.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2015 изнесува 32.268 денари.

Во ноември 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП