11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСлушајте како ви говорат: 6 фрази кои навестуваат неисполнување на обврските

Слушајте како ви говорат: 6 фрази кои навестуваат неисполнување на обврските

propro

Секогаш слушајте КАКО некој нешто кажува, нормално, бидејќи многу нешта можете да слушнете во нечиј глас. Но, следниве фрази откриваат се што треба да знаете за некој кој планира (свесно или несвесно) да ве изневери.

Кога вработените, деловниот партнер, изведувачот на проектите или клиентот не планира да го направи тоа што го ветил, вие тоа можете да го препознаете. Слушајте што точно ви кажува, на кој начин ви кажува, а доколку наидете на овие фрази тогаш тоа е знак дека има намера да не го исполни своето ветување.

1. „Ќе дадам се од себе“

Ако го слушнете ова направете си резервен план. Личноста нема да даде се од себе. Всшност, тоа е знак за предупредување дека личноста веќе знае дека нема да ја заврши задачата. Што и да се случи, постојат 99 проценти шанси дека ќе заврши со неуспех.

2. „Ќе се вратам на тоа штом…“

Ова значи тотално спротивно. Личноста која го изговара ова нема да се врати на таа задача никогаш.

3. „Имам некои идеи…“

Повторно внимавајте, кога некој ви зборува за идеи. Тоа е замка. Доколку идејата е добра, личноста едноставно ќе го направи тоа и проблемот ќе биде решен.

4. „Ќе се обидам“

„Не постои обидување“. Кога некој ќе го изговори ова тоа всушност значи „Знам дека нема да успеам“.

5. „Всушност…“ и/или „Да, но…“

Ова е безопасна реченица зар не? Но всушност значи невоља. После ова најчесто доаѓа до „побивање“ на она што е предложено и кажано.

6. „Го имаш мојот збор“

Самоуверените луѓе не користат фрази. Личноста која ви верува или ќе направи нешто или не, нема да ве стави во исчекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП