24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален надворешниот долг на Русија

Намален надворешниот долг на Русија

Russia Daily Life

И покрај падот на цената на нафтата, руската економија и понатака произведува доволно пари за отплата на долговите – Централната банка наведува дека рускиот надворешен долг е намален за 14 проценти, односно од 599 милијарди долари на 515,3 милијарди.

Во 2016 година реалниот износ на уплати за надворешниот долг ќе се намали на 50 до 55 милијарди долри. Тоа значи дека ќе биде намалена побарувачката за девизи, што позитивно ќе се одрази на курсот на рубљата.

Надворешниот долг на Русија, кој на 1 јули 2014 година изнесуваше 732,8 милијарди долари, е намален за 117,5 милијарди долари.

Државниот долг во минатата година е намален за 1,6 милијарди долари – до 30,7 милијарди долари.

Руската економија се покажа како прилично отпорна на силните надворешно-економски шокови, особено на падот на цената на нафтата, која минатата година поевтини за 45 проценти, наведуваат аналитичарите на „Sberbank CIB“.

Софија Кирсанова, аналитичар на „Raiffeisen Capital Management“ наведува дека од почетокот на четвртиот квартал на 2015 година цената на нафтата се намалила за 43 проценти, додека домашната валута изгубила само 19 проценти од вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП