26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пензионерски клуб во реновираните простории на М.З. Волково

Нов пензионерски клуб во реновираните простории на М.З. Волково

klub-penz

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски и заменикот министер за труд и социјала Диме Спасов и председателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски ги пуштија во употреба комплетно реновираните простории на месната заедница во село Волково.

Оваа целосна реконструкција ги опфати сите простории( 168м2) во месната зедница се воведени водовод и канализација и објектот е приклучен на постоечката водоводна и канализациската мрежа. Целосно е заменет покривот на објектот, поставен е нов под, реконструирани се таваните и изградени се тоалети .

Воедно е заменета и 45 годишната стара електрична инсталација. Изведена е и пристапна рампа. Реновирана и фасадата на зградата, а старите и дотраени прозорци и влезна врата се заменети со ПВЦ столатија.

Со ова целосно обновување на просториите на месната заедница во с. Волково ќе се овозможи негово функционално работење и ќе биде од исклучително значење за граѓаните и пензионерите кои и до сега многу свои активности ги реализираа токму во овие простории но во лоши услови
Во просториите се отвори и нов пензионерски клуб кој е комплетно опремен со потребните друштвени игри: шах, домино, пикадо и табла и набавени се нови маси и столици. Исто така се опремени и двете работни простории за председателот на месната заедница и председателот на огранокот на здружението на пензионери од с.Волково.

Средствата, во висина од 2,5 милиони денари, се обезбедени од буџетот на општината Ѓорче Петров.Овој простор претставува важен дел од секојдневието на Волковци. Заменикот министер за труд и социјала Диме Спасов и градоначалникот Митровски најавиа и изградба на детска градинка во Волково. Средствата за овој проект ќе бидат обезбедени подеднакво од општината и ресорното министерство. Предвидено е овој проект да биде со површина од 200 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП