19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, тргувањето внимателно поради повторното паѓање на нафтата

Азиските берзи пораснаа, тргувањето внимателно поради повторното паѓање на нафтата

berzi azija 2994

На повеќето азиски берзи цените на акциите во средата пораснаа, благодарејќи на вторничниот раст на индексите на Волстрит, но се тргува претпазливо бидејќи кинеските акции, како и цените на нафтата повторно се во надолна линија.

На токиската берза индексот Nikkei во средата претпладнето беше во плус од повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Сингапур и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,8 1,1 отсто. Меѓутоа, во Австралија и Шангај берзанските индекси паднаа меѓу 1 и 3 отсто, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во средата претпладнето неа во плус 0,2 отсто.

На почетокот од денешното тргување на пазарите владееше подобро расположение отколку изминатите денови, во вторничното тргување цените на акциите на Волстрит скокнаа повеќе до 1 отсто. Меѓутоа, растот на американскиот пазар беше поттикнат од скокот на цените нафтата за повеќе од 3 отсто, додека во средата претпладнето цента на барелот повторно е под притисок, што ги наведе инвеститорите на претпазливост.

По вчерашниот скок од повеќе од 1 долар, во средата утрото цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 50 центи, на 31,29 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 70 центи, на 30,37 долари.

Инвеститорите се претпазливи и поради продолжувањето на остриот пад на кинеските акции. Откако во вторникот на берзата во Шангај индексите потонаа повеќе од 6 отсто, во средата претпладнето беше во минус повеќе од 3 отсто, па потонаа на новите најниски нивоа од декември 2014 година.

Тоа е последица од новите сигнали за забавувањето на растот на втората по големина светска економија. Во средата претпладнето беше објавено дека добивката на кинескиот индустриски сектор во декември паднала за 4,7 отсто на годишно ниво, што е веќе седми месец по ред како профитабилноста слабее. Поради слабоста на економијата, до почетокот на годината кинеските акции загубија околу 22 отсто, или речиси 2.000 милијарди долари пазарна вредност.

Од друга страна поддршката на пазарите им ја дадоа надежите на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе се откаже од своите планови по прашањето на темпото на зголемување на клучните каматни стапки. Кога во декември првпат од 2006 година ги зголеми каматите, Fed сигнализираше дека оваа година би можел уште четири пати да ја зголеми цената на парите.

Во вторникот започна дводневната седница на челниците на Fed, а аналитичарите веруваат дека поради превирањата на финансискиот пазар и забавувањето на растот на американската економија челниците на Fed ќе сигнализираат дека имаат намера да го забават темпото на заострување на монетарната политика.

Меѓутоа, тоа веќе извесно време се очекува, па шпекулациите за можните пораки на Fed засега не влијаеја позначително на курсот на американскиот долар.

Во средата утрото на валутните пазари цената на американската валута во однос на јапонската се движи околу 118,3 јени, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 117,5 јени. Меѓутоа, доларот ослабе во однос на европската валута, па односот на еврото достигна 1,0860 долари, во однос на вчерашните 1,0845 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП