10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит порасна, цените на нафтата скокна

Волстрит порасна, цените на нафтата скокна

rast-volstrit

На Волстрит цените на акциите во вторникот силно пораснаа, ден по остриот пад, бидејќи вложувачите беа охрабрени од деловните резултати на неколку компании и од растот на цените на нафтата.

Индексот Dow Jones зајакна за 1,78 отсто, на 16.167 поени, додека индексот S&P 500 порасна 1,41 отсто, на 1.903 поени, додека индексот Nasdaq се зголеми 1,09 отсто, на 4.567 индексни поени.

По остриот пад од ден претходно, индексот S&P 500 во вторникот силно скокна, благодарејќи на растот на цените на акциите во сите 10 сектори. Најмногу, за 3,8 отсто, порасна S&P индексот на енергетскиот сектор, при што акциите на „Exxon Mobil“ и на „Chevron“ скокнаа за 3,7 и 3,9 отсто, благодарејќи на растот на цените на нафтата.

Цените на „црното злато“ во вторникот силно осцилираа, па претпладнето паднаа за повеќе од 3 отсто, додека попладнето закрепнаа и се вратија на нивоата од 30 долари о барел.

Благодарејќи на надежите дека најголемите светски произведувачи на нафта сепак ќе стора нешто за да го намалат јазот меѓу понудата и побарувачката, на крајот од трговскиот ден цената на барелот на лондонскиот пазар беше во плус од 1,3 долари, на 31,80 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 1,1 долари, на 31,45 долари.

Поддршката на пазарот му ја дадоа надежите на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе се откаже од своите планови по прашањето на темпото на зголемување на клучните каматни стапки. Кога во декември првпат од 2006 година ги зголеми каматите, Fed сигнализираше дека оваа година би можел уште четири пати да ја зголеми цената на парите.

Во вторникот започна дводневната седница на челниците на Fed, а аналитичарите веруваат дека поради превирањата на финансискиот пазар и забавувањето на растот на американската економија челниците на Fed ќе сигнализираат дека имаат намера да го забават темпото на заострување на монетарната политика.

Вложувачите во вторникот ги охрабрија и подобрите од очекуваните квартални резултати во на неколку компании. И тие причини цените на акциите на „Proctel&Gamble“, „Johnson&Johnson“ и 3M пораснаа меѓу 2,5 и 5,2 отсто.

Иако многу компании според резултатите ги надминуваат очекувањата на аналитичарите, во анкетата на Reuters проценуваат дека добивките на компаниите од составот на S&P индексот во четвртиот квартал од мината година паднала за 4,9 отсто о однос на истото тримесечје една година претходно.

Тоа значи дека се заканува рецесија, бидејќи поради ниските цени на нафтата, слабеењето на кинеската економија и високиот курс на американскиот долар, се очекува пад на заработките второ тримесечје по ред./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП