28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМРТВ: Буџет над 20 милиони евра, повеќе од 800 вработени

МРТВ: Буџет над 20 милиони евра, повеќе од 800 вработени

mrtv

Македонската радио телевизија годинава (МРТВ) годинава планира да потроши 22 милиона.

Според финансискиот план на Јавното радио – дифузно претпријатие една третина од парите односно над 7 милиони евра ќе одат за плати и надоместоци за вработените. 5.5 милиони ќе бидат потрошени за опрема, техника и градежни интервенции. Уште 5.5 милиони ќе има за набавка на програма, од нив за пренос од спортски настани се планирани 2 милиони (за Европското фудбалско првенство, за Олимписките игри, за Лигата на шампиони); останатите 3.5 милиони се за филмска и сериска програма, за снимање фестивали и други телевизиски копродукциски проекти.

МРТВ има повеќе вработени од сите приватни национални телевизии заедно

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) чии податоци се однесуваат на периодот заклучно со 31.12.2014 во Македонија има едно јавно радио – дифузно претпријатие (МРТВ)  како и 10 трговски радио – дифузни друштва кои зрачат телевизиска програма на државно, 27 на регионално и 25 на локално ниво.

Според истите податоци МРТВ има повеќе вработени од 10-те приватни телевизии заедно, јавниот сервис имал ангажирано 852 луѓе од кои 500 во телевизијата, 213 во радиото и 139 во заедничките служби. Приватниците сите заедно ималевкупно 667 луѓе од кои 28 уредници, 191 новинар, 24 спикери и 340 технички персонал.

Најмногу играна, најмалку културна програма

Статистичарите пресметале дека во 2014-та МРТВ на своите три канали емитувала 20.197 часови програма или во просек по 55 часа на ден. 10-те приватни телевизии кои зрачат на државно ниво во истиот период емитувале 81.615 часови програма на ден или во просек секоја од нив по 22.4 часа.

Податоците укажуваат дека на македонските телевизии има најмногу играна, а најмалку културна програма.

Така МРТВ во просек емитувала по 8 часа филмови и серии, по 7 часа музика, по 5 часа и 30 минути забавни емисии, речиси исто толку и спортски. За вести биле одвоени по 6 часа на ден, а за друга информативна програма по речиси 4 часа. Реклами имало по 12 минути на ден.

Состојбата кај приватните телевизии е малку поинаква. Тие во просек прикажувале по 6 часа филмови и серии, нешто над два и пол часа информативна програма, речиси исто толку и вести. Забавни емисии имало по 2 часа и 15 минути, а музика нешто под 2 часа. Приватниците просечно прикажувале секој ден по 1 час и 39 минути реклами.

Најпопуларна телевизија Сител, најгледани вести Алсат-М

Најгледана телевизија е Сител со 51.6% просечен неделен досег на национално ниво. Близу до неа е Канал 5 со 45.7%, а далеку зад нив се МРТВ со 18.3%, Алсат-М со 18.3%, Телма со 16.2% и Алфа со 15,7%. Ова го покажува истражувањето на агенцијата за медиуми (АВМУ) за последните три месеци од 2015-та.

Од друга страна последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пак, покажува дека најгледани се вестите на Алсат-М и на Сител, а најнегледани на МРТ и на Алфа. 24% од испитаниците одговориле дека најчесто се информираат преку вестите на Алсат-М, 23% се определиле за Сител, 13% за Канал 5, 12% за 24 вести, 10% за Телма, 5% за МРТ1 и 3% за Алфа.

ИРИ ја спровел анкетата преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври  2015 на примерок од 1.106 испитаници кои одговориле на прашањето „Од кои вести на националните телевизии најчесто се информирате за политички теми“.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП