26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските медиуми го обвинуваат Сорос за објавување на војна на јуанот

Кинеските медиуми го обвинуваат Сорос за објавување на војна на јуанот

George_Soros_-_Festival_Economia_2012_02

Кинеските државни медиуми упатија остри критики против милијардерот Џорџ Сорос и другите валутни трговци, откако курсот на јуанот се најде под притисок, обвинувајќи ги „прогласување војна“ против кинеската валута.

На редовниот годишен Светски економски форум во Давос, што се одржа минатата недела, Сорос за телевизијата Блумберг изјави дека втората по големина економија, во која според официјалните податоци растот забавил на најниското ниво во последните 25 години, ја чекаат нови проблеми.

„Тешкото слетување е практично неизбежно“, предупреди Сорос.

Сорос, за чии големи валутни трансакции во одделни земји смета дека придонеле за азиската финансиска криза во 1997 година, укажа на дефлацијата и прекумерниот долг како причини за забавувањето на растот на кинеската економија.

Вообичаено стабилниот јуан, чија вредност ја контролира Пекинг, се најде последните неколку недели под притисок на странските пазари заради одлевање на капиталот. Властите потрошиле стотина милијарди долари да го одбранат неговиот курс.

Кинеската официјална новинска агенција Синхуа објави во среда дека Сорос „неколку пати во минатото“ предвидел економски проблеми во Кина.

„Или трговците не ја направиле домашната задача или…намерно се обидуваат да создадат паника за да остварат добивка“, се наведува во објавата.

Весникот на англиски јазик Global Times ги обвини „западњаците“ бидејќи не ја „прифаќат одговорноста за нередот“ во светската економија.

Овие коментари се објавени откако во странското издание на весникот People’s Daily, инаку официјален весник на Комунистичката партија, на насловната страна беше објавено „Објава на воја на кинеската валута?Ха-ха“.  Весникот пишува дека Сорос „јавно“ и објавил војна на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП