27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги ублажи ограничувањата за финансирање на извозот во Куба

САД ги ублажи ограничувањата за финансирање на извозот во Куба

article-20130624-boykoru-havana-snowden

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама најави укинување на ограничувањата поврзани со финансирањето на американскиот извоз во Куба, со што е отстранета голема препрека во трговијата меѓу САД и овој Карипски остров.

Новите прописи, кои од денес стапуваат на сила, ќе им овозможат на американските банки директно да го финансираат извозот на било кој производ, со исклучок на земјоделските производи, кои и понатака се под трговско ембарго.

Досега за испорака на американски производи во Куба беше потребно однапред да се изврши уплата во готовина или производите да се пренасочат преку некоја трета земја, што е скап и тежок процес.

Со најновите прописи, исто така, се олабавени и ограничувањата за патување меѓу САД и Куба и поедноставено е воспоставувањето на директни патнички летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП