22 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на двојазична збирка поезија на Габриела Мишел Милкова

Промоција на двојазична збирка поезија на Габриела Мишел Милкова

mihel 33

Издавачката куќа „Метаноја“го најавува излегувањето од печат на своето најново двојазично издание, збирката поезија „Врвот на ноќта“ / “The Peak of Tonight” од Габриела Мишел Милкова.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во среда, од 19 часот, во „МКЦ – Клуб Ресторанот“.

За книгата на настанот ќе зборуваат Татјана Б. Ефтимоска и Ѓоко Здравески.

„Предмет на поезијата на Габриела Милкова е едноставно душата, битието, она што стои целосно надвор од надворешниот свет како социјален или материјален факт. И токму затоа, да се послужиме со формулацијата на Бранко Миљковиќ за херметичката песна, поезијата на Габриела Милкова е ‘пловна во длабочината‘ …, која во песните … е веќе разгорена во сугестивен поетски пламен, во говор кој ги изнесува на површина темните кристали на нејзината душа“, пишува во рецензијата Ефтим Клетников.

„Првата поетска збирка на Габриела Мишел Милкова „Врвот на ноќта“ (“The Peak of the Night”) нѐ воведува во едно возбудливо (само)откривање, низ спојот на играта и луцидноста, на дионизискиот танц и аполониската проникливост. Во оваа поезија …танцувајќи во трансот на играта, разбираме дека нашето јас … нема куќа, нема дом – тоа е номад. Ослободувајќи го духот низ играта, низ екстатичниот лет, разбираме дека постоиме единствено како номадски субјекти“,  пишува во критичкиот осврт на Христина Атанасовска Јовановска.

Габриела Мишел Милкова е четврта година ученичка во Меѓународните училишта „НОВА“. Со своја поезија настапувала на платформата за поетските настапи „Астални проекции“, а и за време на Летното училиште „Кембриџ Литерати“. Неодамна нејзини песни се објавени во Меѓународното списание за книжевност и уметност „Разноликост“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП